Сириецот Хасан Ф, кој е осомничен за вмешаност во неколку егзекуции во својата татковина и е уапсен во Будимпешта, откако влегол во Европската Унија добил припејд картичка со уплатени 500 евра.

За да избегне притворање, тој тврдеше дека работи во грчката разузнавачка служба и дека е задолжен за идентификување на џихадистите кои пристигнале во Европа. Јанош Хајду, директор на противтерористичкиот центар ТЕК, рече дека Хасан кажал многу нешта само за да ја избегне правдата и дека сите информации се проверуваат со странски партнери.

Адвокатот на осомничениот изјави дека неговиот клиент добил банковна припејд картичка со уплатени 500 евра, што важи само за Грција.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести