Шеесет и седум годишeн пешак, (А.Р.) бил тешко повреден синоќа во Кавадарци. Во него удрило непознато возило, по што го напуштило местото на несреќата, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајната несреќа се случила околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Народен Фронт”, „8 Март” и „Подлешка”. Со тешки телесни повреди А.Р. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана помош,вели Додевски.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расчистување на случајот. Извршен е увид на местото на настанот.

2
loading...

Најчитани вести