Холандската манекенка, 18-годишната Ивана Смит, чие безживотно тело било пронајдено по дива свингерска забава во Куала Лумпур, била мртва пред падот од балконот на 20-ти кат, стои во новиот извештај од обдукцијата.

Ивана починала кон крајот на 2017-та година, во околу 10 часот наутро, а телото било пронајдено дури околу 15 часот. Во телото биле пронајдени трагови од кокаин, екстази и алкохол, а на себе немала ни чевли ни долна облека. 

 

Потсетуваме, на 7-ми декември 2017-та година Ивана Смит биле пронајдена гола на платото на солитерот во луксузна населба во Куала Лумпур.

 

 

Во 5:22 часот наутро Ивана во еден ноќен клуб била снимена во друштво на американскиот тајкун Александер Амада Џонсон и неговата сопруга Луна Алмаз.

 

Била во речиси несвесна состојба, а парот буквално ја изнесувал од ноќниот клуб. Два часа подоцна, Смит на своето момче му пратила селфи со Луна и порака дека малку одмара.

 

 

Брачниот пар на инспекторите им рекол: "Мислевме само дека излезе од нашиот стан".

 

Меѓутоа, изгледа дека не им било сомнително што Смит во нивниот стан ја оставила облеката, чевлите, мобилниот и другите лични работи. Најлошо од се е што ни на малезиската полиција тоа не и било чудно, па многу брзо го заклучила случајот.

 

 

На несреќа на брачниот пар, од Ивана Смит не се откажале холандските инспектори, кои веднаш по обдукцијата пронашле дупка во целата приказна.

 

Американскиот бизнисмен и неговата сопруга во чија куќа била пронајдена мртвата холандска манекенка признале дека имале секс во тројка со девојката, неколку часа пред нејзината смрт.

 

 

 

 

 

 

 

2
loading...

Најчитани вести