Вчера околу 15:20 часот во селото Опае, Липково, патничко возило „БМВ“ со кумановски таблички, управувано од Ф.Ф.(24) од село Лопате удрило во шестгодишно дете од селото Опае.

Од ударот момчето се здобило со повреди и по укажаната помош во болницата во Куманово било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

1

Најчитани вести