Тешка сообраќајна несреќа вчера се случи кај скопска обиколница, повредено едно лице.

Според информациите на полицијата вчера во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ - Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва.  

Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

8
loading...

Најчитани вести