Во текот на изминатиот ден (25.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 14 возила биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шестмина поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, двајца возачи поради неносење заштитен шлем при управување со мотоцикл, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со телесни повреди.

1
loading...

Најчитани вести