Британскиот научник Данкан Хелдејн, чија мајка е по потекло австриска Словенка, доби словенечко државјанство на церемонијата во Словенечката амбасада во Вашингтон.

Хелдејн во 2016 година ја подели Нобеловата награда за физика со Дејвид Џ. Тулес и Џон Мајкл Костерлиц.

Тој беше награден за откритија во областа на теоретските истражувања за состојбата на материјата, а уште во осумдесеттите години ги објасни магнетните карактеристики на атомскиот синџир во одредени супстанции, што претставува значаен придонес во развојот на нови материјали и електронски компоненти, објавија словенечките медиуми.

Хелдејн во моментов е професор по физика на Универзитетот Шерман Ферчајлд и на Универзитетот Принстон во САД, а свечената заклетва како државјанин на Република Словенија ја положи во петокот во просториите на Амбасадата на Република Словенија во Вашингтон.

Според словенечките медиуми, овој добитник на Нобеловата награда роден во Лондон во својата биографија секогаш вели дека има шкотско-словенечко потекло и дека неговата мајка е родена како Људмила Ренко во австрискиот Ферлах, во покраината Корушка каде што живее бројно словенечко малцинство.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести