Британската полиција пронашла дрога, тутун и мобилни телефони кои некој се обидел да ги прошверцува во мртви стаорци до затвор на југот на Англија.

Предметите биле внесени во тела на три глувци кои полицајците ги пронашле на почетокот на март. Тоа е првиот евидентиран случај глувци да бидат користени на тој начин, соопштила Затворската служба. 

 

 

Полицајците ги пронашле мртвите глувци кои биле фрлени преку оградата, а во нив пронашле канабис и синтетичка марихуана.

 

 

Освен тоа, пронашле пет мобилни телефони, полначи и СИМ картички.

 

 

"Ова откритие покажува што се криминалците се во состојба да направат за да прошверцуваат дрога во затворот", рекол британскиот министер за правда Рори Стјуарт.

1
loading...

Најчитани вести