Следат претседателски избори и веројатно највалканата изборна кампања која Македонија ја видела досега, особено откако анкетите покажаа дека и заедно со ДУИ кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски заостанува во анкетите зад кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, професорката  Гордана Сиљановска.

Кампањата почна со навреди на таткото на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според стандради од кампот на СДСМ кој го гледаме барем 20 години. Валканата кампања се состои најмногу во лични навреди и омаловажувања на кандидатот Гордана Сиљановска по основ на пол, возраст и политичка определба, па кога тоа не ги даде потребните резултати се удри на најблиските. Имено, отпрвин на Твитер како најбезбедна и без лимити социјална мрежа почна да се навредува нејзиниот син - затоа што седел во некоја ситуација во парк и свирел на кавал! Демек, мајка на син што седи и свири кавал не заслужува да биде претседател но, доколку се сликаше од скапите плажи на Бали, ски терените од Сент Мориц и од први редови на модните ревии за кои се плаќа најмалку 1.000 евра за влез, тогаш мајкаму заслужува да биде претседател. Особено ако вози Порше, по можност кабрио.

Анкетите даваат лоши резултати за Пендаровски, па освен кандидатката за претседател Сиљановска се навредува фамилијата и на нејзините најгласни поддржувачи, почнувајќи од професорката Биљана Ванковска. Изборната кампања не е ни почната а по неколку предупредувања и серија навреди за профеосрката Ванковска следеше и злоупотреба на нејзината ќерка.

Кој друг ако не човекот задолжен за санитарни работи во кампот на СДСМ, Саше Ивановски со неговиот сајт на кој објави навредлив текст дека ќерката на професорката Биљана Ванковска била - лезбејка.

Според сето ова, а повторуваме кампањата не е ни почната, секој што ќе има амбиции од ВМРО ДПМНЕ да се занимава со врвна политика ќе биде понижуван, навредуван, омаловажуван па ако треба ќе се премине и на неговата фамилија за да се врши притисок од внатре, од дома, да се откаже или изпровоцира на некој чекор штетен за неговите амбиции.

Не се извршители на таа валкана кампања, која во суштина трае во континуитет, само Ацо Кабранов, Саше Ивановски, Марјан Доказ, Тричковски... туку е тоа цел тим од ботови и лажни профили по Фејсбук и Твитер кои навредите ги шират, порталите потоа од нив ги преземаат, СДСМ и ЗНМ не даваат порталите да влезат во законски медиумски рамки и да имаат одговорност и така во тој сериал штетата се прави, СДСМ како пртија се надева на бенефит за себе од таа штета и ниту се оградува од тие пишувања, ниту ги осудува. 

А деновиве СДСМ се фалеше пред европските институции како донеле закон за заштита на личната определеност на граѓаните. И, се поставува прашањето, ако сте го донеле зошто не го спроведувате? Или, како и со други закони сакате казните да важат за сите други, но не и за оние од кампот на СДСМ.

На ваквите валкани кампањи од кампот на СДСМ јавноста веќе одговара со поддршка за Гордана Сиљановска, но во истата јавност ќе се најдат и оние кои ќе применат исти методи за спротивната страна, и на крај извалкани ќе бидат главните од СДСМ а нивните питбул териери кои се пуштени меѓу народ без поводец и корпа на муцката како Саше Политико, Тричковски, Кабранов... ќе си ја наплатат услугата и ќе продолжат и понатаму. Тие немаат што да загубат бидејќи ништо од углед и професионален рејтинг не ни имаат.

 

1
loading...

Најчитани вести