Еден од преживеаните во крвавиот напад во Нов Зеланд, е Сајед Мажарудин, кој откри како бил спречн поголем масакр. Тој рекол дека во џамијата Линвуд имало околу 60 до 70 верници, кога се случил нападот. Негов пријател, кој работи на обезбедување на џамијата, му ја оттргнал пушката од рацете на убиецот и го исфрлил надвор, за да спаси што повеќе луѓе.

„Луѓето се исплашија и почнаа да викаат, а јас се обидов да се скријам. Пријателот го отурна убиецот и му го истрга оружјето. Трчаше по убиецот, а него го чекаа луѓе во автомобил“ рекол Мажарудин за „Њу Зеланд Хералд“.

Тој го опишал крвавиот момент, кога убиецот влегол во џамијата и прво почнал да пука во повозрасните луѓе.

„Близу влезната врата седеа постарите луѓе кои се молеа. Прво пукаше во нив. Носеше заштитна опрема и дивјачки пукаше“ рекол Мужарудин, чии пријатели биле застрелани во глава и гради. Еден починал на лице место, а за другиот се уште не знае како е.

Истрчав сам, потоа дојде полицијата и не ми дозволија да се вратам Не можев да го спасам пријателот. На Брзата помош и` требаше половина час за да дојде, мислам дека почина“ раскажал тој.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести