Инцидент имаше денеска во грчкиот парламент, при средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис, е спречен да влезе во канцеларијата.

„Македонија е грчка“, викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.

Снимката лично тој ја постави на Јутјуб.

Пред почетокот на состанокот во обраќање до медиумите, Вуцис и Димитров говореа за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателството, сојузништвото и соработката. 

„Горд сум што имав улога во историското помирување“, кажа Димитров. 

Тој е во дводневна работна посета на Атина. 

1
loading...

Најчитани вести