Папата Франциск изјави дека е длабоко тажен поради бесмислениот чин на насилство во Крајсчрч на Нов Зеланд, каде што беа убиени 49 луѓе во терористички напад во две џамии.

„Папата ги уверува сите Новозеланѓани, особено муслиманската заедница, во својата искрена солидарност и во светлото на овие напади“, стои во зјавата на Ватикан.

Како што се наведува, светиот отец се моли за здравјето на повредените, упатува утеха за оние кои тагуваат за своите најмили и за сите погодени со оваа трагедија.

Во соопштението на Ватикан се додава дека папата повикува на божествен благослов на утеха и сила на луѓето.

извор: Makfax

18

Најчитани вести