Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда. Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Како што истакна тој, јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.

На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев. Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско Езеро се на слобода, а луѓе од 27 април се судат за терористи. Оваа пресуда е нарачана и однапред позната.

Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка. Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно. Ова се очајни чекори на власта која губи, додаде Јанушев.

2
loading...

Најчитани вести