Општина Гостовар соопшти дека согласно одлуката на Советот на oпштината, усвоена едногласно на 12-тата седница, од денеска е активна посебната сметка во која граѓаните можат да донираат средства за помош на членови на семејствата на загинатите и на повредените во трагедијата во близина на селото Ласкарци.

Средства можете да донирате жиро-сметка број:
716014021578990

Приходна шифра:
725916 00

Цел на дознака:
Поддршка на настраданите во трагедијата во Ласкарци

Жиро-сметката ќе биде отворена на неопределено време, а на денот на нејзиното затворање ќе донесе одлука Советот на Општина Гостивар. Во зависност од собраните средства, Советот ќе одлучи и за начинот и износот на средствата кои ќе им бидат доделени на настраданите.

 

извор: Makfax

1

Најчитани вести