Горан Ѓошевски - Леви како дел од настаните во Собранието на 27ми април беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и доби 15 години затворска казна.

Откако Обвинителот побара да му биде определен притвор, Горан Ѓошевски во Судот истакна дека се противи на предлогот за одредување мерка притвор, бидејќи со неговото однесување не покажал дека планира да бега.

„Сам се пријавив за оваа постапка пред судот. Бев пуштен во куќен притвор. Бев двапати вратен во истражниот затвор. Кога понудивме гаранција, ја прифати кривичниот совет и покрај противењето на Обвинителството“, рече Ѓошевски.

Тој истакна дека ќе ја почитува и ќе ја обжали пресудата. 

“Тврдам дека нема ниеден доказ за овој период дека сум се обидел или сум имал намера да го избегнам судењето“, кажа Ѓошевски.

Неговата адвокатка Ружица Николовска исто така побара барањето на Обвинителството да биде отфрлено.

„Горан Ѓошевски е без работа и има четири деца, а имотот за обезбедување гаранција е од неговите родители“, рече Николовска.

Адвокатката кажа дека постојат и други мерки, како што е јавување во судот и потенцираше дека на Ѓошевски му е одземена патната исправа.

„Пред себе имате семеен човек, кој редовно се јавуваше на сите судења и ниеднаш не отсуствуваше од судењата“, кажа Николовска.

4
loading...

Најчитани вести