Претседателот на САД, Доналд Трамп го осуди нападот врз двете џамии во Нов Зеланд, каде беа убиени 49 лица и кои Белата куќа го нарече зол чин на омраза, пренесе „Ројтерс“.

Во масакрот за време на молитва беа повредени десетици луѓе.

„Мое најдлабоко сочувство за народот во Нов Зеланд по ужасниот масакр во џамиите. Убиени се 49 невини лица и многу други се повредени. САД стојат покрај Нов Зеланд за да помогнат на секаков можен начин“, напиша Трамп во пост на „Твитер“.

Претходно,  портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека САД остро го осудуваат нападот.

„САД остро го осудуваат нападот. Нашите мисли и молитви се упатени кон жртвите и нивните семејства. Изразуваме солидарност со народот на Нов Зеланд и неговата влада и осуда за овој зол чин на омраза“, изјави таа.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести