Малиот број граѓани кои денеска се собраа пред Кривичниот суд во Скопје со аплауз ги дочекаа обвинетите за настаните од 27 април 2017-та во Собранието.

Тие пред Судот се собраа во знак за протест против било каква осуда за учесниците во „крвавиот четврток“.

Обвинетите заедно со нивните семејства, влегоа во новата зграда на Кривичниот суд каде денеска ќе ја слушнат пресудата.

Помеѓу нив беше и ќерката на екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, Зорица која по притворањето на нејзинот татко стана актуелна со своите фејсбук објави.

извор makfax
2

Најчитани вести