И покрај тоа што претходно лажеше за големата тетоважа во облик на Феникс, која ја истетовира на грбот, тврдејќи дека е направена исклучиво за филмска улога, актерот Бен Афлек (46) призна сè во шоуто на комичарката Елен Деџенерис (61).

„Тетоважата на грбот привлече големо внимание. Таа е толку голема што излегува од твојот задник“ се пошегува Елен, на што актерот одговори дека ја сака својата тетоважа.

Медиумите прв пат ја „фатија“ тетоважата во текот на летото 2015 година, а во декември истата година беше откриена во целост. Сепак, Бен постојано кажуваше дека тетоважата не е вистинска, туку лажна за снимање филм.

Сепак се покажа дека тетоважата е вистинска, а ја коментираше и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер (45).


„Знаете што би му кажале во мојот роден град? ‘Ах, сирот човек’. Феникс што се издига од пепелта, дали јас бев пепел во таа приказна? Одбивам да бидам тоа”, рече Џенифер пред две години.

Тетоважата ја коментираше и пејачката Џенифер Лопез (48), со која Афлек беше свршен до 2004 година.

„Грда е, зошто го правиш тоа?“ Сите негови тетоважи се премногу шарени, а не треба да бидат. Тетоважите треба да бидат кул“, кажа музичарката во интервју со Енди Коен.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести