Авионот „боинг 737-800“ мораше итно да слета во петокот на северозападниот дел од Русија, во градот Сиктивкар,а според непотврдени информации, причина за ова е откажувањето на моторот, пренесе „Спутник“.

„Се случи вонредно слетување во Сиктивкар. Во тек е истрагата, а според прелиминарните податоци, механички проблеми биле причините за итното слетување“, изјави портпаролот на рускиот истражен одбор.

Авионот, кој патуваше од градот Мирни, кој се наоѓа на истокот на Русија во Москва, се наоѓа на аеродромот Сиктивкар, а патниците се безбедни и неповредени.

Вчера, Сојузната агенција за воздушен сообраќај на Русија ги забрани летовите на авионот „боинг 737 макс“ во рускиот воздушен простор. Деновиве голем број земји забранија летови на авионите од овој модел, а бројни влади ги призмјија „боинзите“ од овој тип, по трагедијата во Етиопија, во која загинаа 157 патници и членови на екипажот од 30 земји.

извор: Makfax

9

Најчитани вести