Родители на малолетно дете поднеле тужба против Здравствениот дом во Штип поради погрешно лекување на нивното дете со антибиотици и штета настаната врз здравјето на детето по прием на МРП вакцина. По две години судски процес на 16.11.2018 судијката Мери Гичева пресудила дека тужбата е основана и дека штипската клиника треба да плати отштета од околу 200.000 евра (околу 13 милиони денари).

МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца.

Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација кој го прави Институтот за јавно здравје, се забележува дека во однос на вакцинацијата со прва доза на МРП вакцина, која се дава на возраст од 12 месеци, во 2017 е регистриран опфат од 82,6 oтсто, што незначително се разликува во однос на 2016 година кога опфатот бил 82,1 отсто.

Но, почнувајќи од 2014 година, се бележи континуирано намалување на опфатот, а последите три години, опфатот со МРП вакцинацијата континуирано е под 90 отсто.

За разлика од опфатот со првата доза, опфатот со втората доза кај деца на 6 годишна возраст, односно во прво одделение е значително повисок. Во 2017, опфатот со втората доза на МРП вакцината е 97 отсто, што е повеќе од 2016 година, кога опфатот бил 93,3 отсто, како и од просечниот опфат за изминатиот петгодишен период, кој изнесува 94,8 отсто.

Што се однесува до поврзаноста на оваа вакцина со аутизмот, студијата што во 1998 покажала некаква поврзаност со аутизмот е побиена, а трудот во кој била изнсена оваа студија бил повлечен од списанието во кое бил објавен. Оттогаш се направени бројни студии во кои биле споредувани стотици илјади деца кои ја примиле МРП вакцината со деца кои никогаш не ја примиле вакцината, при тоа е утврдено дека ризикот за појава на аутизам е еднаков во двете групи, што ја отфрла теоријата дека МРП вакцината предизвикува аутизам.

Во образложението на пресудата наведени се и деталите, како и процесот на погрешно лекување

1

Најчитани вести