Во Нов Зеланд се случи терористички напад врз две џамии во градот Крајстчрч, во кои беа убиени 49 верници, а десетици се ранети. Светските медиуми пренесуваат снимка од автомобилот на напаѓачот, кој се претставува како Брентон Терант, што тој ја емитувал во живо непосредно пред извршувањето на нападот.

Пред влехувањето во џамијата, во еден дел може да се слушне како напаѓачот ја слуша песната „Од Бихаќ до селото Петровац“, пишува српски „Телеграф“. Оваа видео снимка можете да ја погледнете на следниов линк.

На оружјето со кое тој го извршил нападот имало испишано многу зборови на англиски, но меѓу нив може да се забележат и некои на кирилица.

Меѓу другите, може да се забележат и зборовите „Бајо Пивљанин“ и „битка“, а напишани се и имињата Милош Обилиќ, Марко Миљанов Поповиќ, Стефан и Лазар.

Покрај неговите подготовки, додека патувал со автомобилот, напаѓачот со „го про“ камера го снимил и самиот терористички чин односно убиствата на верниците во џамијата.

Oфицијалните лица во Нов Зеланд го нарекоа овој ден најмрачниот во Нов Зеланд.

Во врска со нападот уапсени се четири лица, од кои три мажи и една жена.

извор: Makfax

1

Најчитани вести