Еден од напаѓачите кои пукаа врз верници во две џамии во Нов Зеланд, ги пренесувал во живо на „Фејсбук“ нападите.

Видеото во времетраење од 16 минути е поставено на страница која му припаѓа на Брентон Тарант, а е направено со камера што ја носел на главата. Снимката покажува маж кој во борбена воена опрема вози до џамијата Ал Нур, во центарот на Крајстчерч. Тој зема повеќе пушки од автомобилот и влегува во џамијата. Потоа, приближувајќи се кон вратите почнува да пука.

Од „Фејсбук“ велат дека профилот е отстранет и избришани се сите пораки за поддршка на нападите.

Во пукањето, убиени се четириесет лица, а повеќе од 20 се тешко ранети. За нападот притворени се четири лица.

извор: Makfax

4
loading...

Најчитани вести