Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје, без електрична енергија денеска ќе останат:

Во периодот од 9 до 15 часот корисниците на дел од с. Батинци во општина Студеничани.

Во периодот од 9 до 11 часот корисниците на дел од улицата Драчевска, како и дел од улицата Речиште во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците на улицата Пандил Шишков бр. 3 во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 10.30 часот корисниците од с. Орешани, с. Таор, викенд-населбата Јане Сандански, „Хајтек“ и „Бујото“ – Орешани, млекарницата „Маско“ и сите стопански и нестопански објекти во тој потег, цела општина Зелениково со сите села што ѝ припаѓаат на општина Зелениково (Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Градовци, Добрино, Дејковец, Вражале, Орешани, Таор како и викенд населбата Јане Сандански).

Во периодот од 9 до 10.30 часот корисниците на селата Студеничани и Морани, дел од с. Драчево кај „Типо“ и „Тулана“, „Бурдем пластик“, фабриката „Фруктал“, „Хајтек“ и „Бујото“, како и млекарницата „Маско“ во општина Студеничани.

извор: Makfax

1

Најчитани вести