Американскиот Сенат, во кој мнозинството се републиканци, ја усвои вечерва резолуцијата за укинување на вонредната состојба на границата помеѓу САД и Мексико, која претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прогласи во февруари.

Бидејќи минатиот месец, иста резолуција усвои и претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде демократите се мнозинство, Трамп најави дека ќе го искористи правото на вето за да блокира.

„АП“ констатира дека американскиот Конгрес најверојатно нема да има доволно гласови за да се избори против претседателското вето бидејќи, за таа цел потребно е изгласување со дво-третинско мнозинство во двата конгресни дома.

„Ројтерс“ додава дека ова е прв пат, Конгресот да ја искористи својата моќ за да укине вонредна состојба што ја прогласил претседател, откако е донесен ваков закон во 1976 година.

Трамп прогласи вонредна состојба за да обезбеди средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

извор: Makfax

102

Најчитани вести