Зимата уште не е готова! Снег на Копаоник има и повеќе од доволно за скијање, а ни Music Week фестивалот уште не е завршен. Викендов на кровот на Србија најавен е спектакл – затворањето на Music Week, в сабота на 16 март со Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ, а ден претходно, односно утревечер настапуваат Парни Ваљак и Тропико бенд.

Џенан Лончаревиќ во видео пораката ги поканува љубителите на скијањето и добрата забава на најдобриот домашен зимски фестивал.

https://www.instagram.com/p/BujqJmAIkFU/

Создаден во соработка меѓу Скајмјузик и MK Mountain Resort, Music Week фестивалот веќе 4 година по ред на Копаоник ги собира најдобрите домашни и регионални музички ѕвезди, како и љубителите на добрата журка. Од година во година посетители има сè повеќе, а минатата година на фестивалот присуствуваа повеќе од 8000 гости.

Во ексклузивниот простор на свечената сала на хотелот Гранд во кој бројот на места е ограничен минатиот викенд настапија Аца Лукас, Магла бенд, Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ, кои на посетителите им приредија спектакуларна атмосфера, а журките за паметење на истото место нема да изостанат ни овој викенд.

1
loading...

Најчитани вести