Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло

Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем…постот станува речиси незабележлив.

И вистина е дека верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се покажало дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.

Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин. Посно е само сирењето од соја.

Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло. Истото важи и за гумените и желе-бомбоните.

Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.

Не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата.

Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни.

1
loading...

Најчитани вести