Педесетидеветгодишен рудар од селото Воиславци, починал од струен удар, додека изведувал работи на трафостаница. А.Р бил вработен во рудникот во Радовиш.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

извор: Makfax

1

Најчитани вести