Пратеникот Самка Ибраимовски се пожали дека неговата фамилијарна фирма добила казна која ја уништила фирмата.

Денеска во Собрание се расправа за Предлог законот за инспекциски надзор, а пратеникот Самка Ибраимовски за време на расправата истакна дека неговата фамилијарна фирма добила казна од 300 000 евра.

Самка во своето обраќање потенцираше дека Инспекторот кој ја изрекол казната извршувал наредби на негов претпоставен.

-Мојата фамилијарна фирма беше казнате од инспектор, по наредба издадена од нивни наредбодавачи. Еден од инспекторите со 30-годишно искуство ми рече дека вакво нешто не видел, извршување за кое нема логика, да се упропасти фирма и да се упропастат вработени. Да ги ослободиме инспекторите од партиските стеги. Мојата препорака е слобода за инспекторите – рече Ибраимовски.

Самка Ибраимовски потенцираше дека мора да престане оваа пракса на инспектори насилници кои се склони кон мито, сеење страв и затворање фирми.

На терен постојано се случува инспектори да затропаат на врата и отворено да кажат дека се дојдени да најдат грешка и да казнат затопа што лицата се на списокот на казнување, кажа Самка Ибраимовски.

3

Најчитани вести