Наведувајќи ги негативните потези по кои ќе остане запаметена владата на Ципрас во Грција, лидерот на Неа Демократиа – Кирјакос Мицотакис, ги спомена и Преспанскиот договор и како производ од него – „шпекулациите“ за размена на споменици меѓу Македонија и Грција.

Како што пренесува дописничката на МИА од Атина, тој порачал дека последиците од Договорот достигнуваат трагикомични размери во Грција, истакнувајќи дека во наводните разговори за размена е вклучен дури и споменик кој воопшто не ѝ припаѓа на државата, туку на Општина Атина. Мицотакис порачал дека „Тркачот“ нема никаде да замине, затоа што Грците не сакаат, како што го нарекол, „некаков си кич споменик на Александар Велики“, кој воопшто не ѝ припаѓа на државата, туку на Општина Атина. Мицотакис порачал дека „Тркачот“ нема никаде да замине, затоа што Грците не сакаат, како што го нарекол, „некаков си кич споменик на Александар Велики“, кој е доказ за „фалсификувањето на историјата“ и е симбол на „скопскиот иредентизам“.

Ако некој некаде оди, истакнал Мицотакис, тоа ќе биде владата на Ципрас, која ќе биде казнета од народот и ќе замине од власт веќе на следните избори, затоа што „ја отстапила ексклузивната употреба на „македонското, на македонскиот идентитет на нашите соседи, создавајќи не само многу проблеми во Северна Грција, туку во исто време брутално навредувајќи ги 70 отсто од нашите сограѓани кои се против договорот“. „Ние, кои, со право, не се согласуваме со Договорот од Преспа, не сме ниту радикални десничари, ниту националисти. Ние сме патриоти кои ја сакаме татковината, ја знаеме и ја почитуваме нашата историја и знаеме многу добро кога еден договор е во корист на националните интереси, а кога им штети“, порачал Мицотакис од Лезбос.

1
loading...

Најчитани вести