Белградскиот визуелен уметник Андреј Жикиќ – Артеза ги има обоено ѕидовите на многу градови, вклучувајќи ги Истанбул, Виена, Каиро, Алмати, а минатата недела, во рамки на саемот „Urvanity Art Fair”, наслика мурал во една од најпрометните улици во Мадрид.

Муралот наречен „За овој град” се протега на четири ката во главната градска зона.

На муралот се наоѓаат елементи што се препознатливи за творештвото на овој сликар: нежен женски лик, собни растенија, куќички за птици, книги … А овој пат претставуваат повик на туристите да дојдат во Мадрид, истакнува Артез.

„Муралот раскажува за Мадрид, градот во кој посетителите од целиот свет можат да дојдат и да уживаат во живописни уметнички и културни атракции кои ги нуди овој град. Девојката прикажана на муралот држи куп книги кои се однесуваат на историјата и културата на градот, како и една мала куќа за птици која ги повикува сите преселни птици да долетаат овде и да се чувствуваат како дома!

Додека работеше на муралот, Артез предизвика големо внимание на минувачите – како на локалното население така и на туристите.

„Во еден момент се свртев и добив овации – сликањето го набљудуваа повеќе од педесет луѓе што ми аплаудираа!“ се сеќава Артез, додавајќи дека подоцна дознал дека Мануела Кармен, градоначалничката на Мадрид, побарала од организаторите да ѝ испратат фотографии од муралот.

На „Urvanity Art Fair” беа претставени делата на повеќе од дваесет меѓународно признати уметници од целиот свет. Така, освен со овој мурал, Артес ѝ се претстави на шпанската публика и со неколку акрили на платно.

извор: Makfax

8

Најчитани вести