Авиопревозникот „Етихад ервејс“ со седиште во Абу Даби соопшти дека во 2018 година направил загуба од 1,28 милијарди долари, што е трета година по ред компанијата да забележи загуби од над милијарда долари на годишно ниво.

Приходите на „Етихад“ изнесувале 5,86 милијарди долари, што е послаб резултат отколку во 2017 година кога „Етихад“ пријавил приход од 6 милијарди долари.

Во 2017 година „Етихад“ регистрирал загуби од 1,52 милијарди долари, а во 2016 – 1,95 милијарди долари.

Во изминатите три години „Етихад“ забележа вкупна загуба од 4,75 милијарди долари.

Најголем дел од загубите се резултат на порастот на цената на горивата и условите на пазарот, додека „Асошиејтед прес“ оценува дека големите загуби се резултат и на купувањето акции во авиопревозници од Европа и Австралија.

„Етихад“ е малцински сопственик и во националниот авиопревозник на Србија „Ер Србија“.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести