Иако е 24 години помлада од него, кубанската актерка Џесика Ледон потполно го полудела славниот диџеј Дејвид Гета. Тој поради неа дури и ја оставил сопругата, а судејќи по новите фотографии, очигледно е зошто Гета не ги трга рацете од Ледон.

51-годишниот Дејвид бил фотографиран со својата атрактивна девојка која на плажата била вистинска сензација. 

 

 

Во минијатурен танга костим за капење, Џесика мамела погледи со својата бомбастична фигура, а по изразот на Гета, јасно е дека е среќен што покрај себе има ваква убавица.

 

 

 

 

 

 

По страсните бакнежи на песокот, тие уживале на лежалки, а судејќи по нивните широки насмевки, очигледно е дека тие лудо се забавуваат кога се заедно.

 

 

 

 

Гета поради Џесика, со кој е во врска од 2015 година, се разведе од сопругата Кети со која беше во брак цели 22 години. Парот го има 13-годишниот син Тим Елвис Ерик и 9-годишната ќерка Енџи.

Сѐ уште не е познато дали повторно ќе застане на “лудиот камен” со Ледон, но едно е сигурно – љубовта не им недостасува.

 

 

 

2

Најчитани вести