Времето денеска ќе биде облачно  со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Позастапени врнежите ќе бидат во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од два до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до осум степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на места ќе го надминат 20-тиот степен.

1

Најчитани вести