Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци што се случи на минатиот месец, а во која загинаа 15 лица.

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев во моментов на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

1

Најчитани вести