Премиерот Зоран Заев вечерва во гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека платата во моментов веќе е над 500 евра.

Премиерот рече дека минатата година ја заокружиле со над 6 посто пораст на платите. Исто така тој додаде дека 19,4 посто сега изнесува стапката на невработеност. Тој најави дека новите инвестиции ќе го дигнат стандардот, бидејќи платите таму ќе изнесувале 40 илјади денари.

– Има еден дел кој ни се случува да дел од платите се исплаќаат во готово – рече премиерот и кажа дека прават напори тие плати да се легализираат.

Заев рече дека ова се случува во сите сектори. Тој додаде дека кај нас платата е над 500 евра, само што тоа не се потврдува статистички, баш поради тоа што некои фирми даваат дел од партите во готово.

– Верувам дека мерките кои што ќе ги носиме ќе ги поттикнат природно газдите, менаџерите да ги даваат легално сите пари. Ако ги даваат легално ние сме над 500 просечна плата во овој момент – изјави Заев.

4

Најчитани вести