Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 откри дека според последните испитувања на јавното мислење, рејтингот на власта е паднат за шест отсто.

– Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 посто, ако се тешиме Ципрас падна 11 посто. За тоа придонесоа храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура. Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме. – рече Заев.

2

Најчитани вести