Во денешниот дневник на Сител гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој говореше и за барањето на опозицијата да има јавен обвинител по нивен предлог.

Самиот состанок беше поделен во два дела и тоа првиот дел беше како да обезбедиме услови за фер претседателски избори и што се барањата на опозицијата, бидејќи владата е таа што ги организира и што ги спроведува заедно со ДИК, претседателските избори. И вториот дел беше посветен на реформските закони како дел од тој сет реформски закони беше придодаден овој закон за јавното обвинителство, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не постои нов закон за СЈО lex specialis што би рекле ние бидејќи претпоставувам е констатирано дека тој беше противуставен сам по себе до сега како што функционираше. И се обидува да се најде модус како тој истиот закон да биде инкорпориран во новиот закон за јавното обвинителство на Република Македонија. Практично предвидено е да се создаде нов оддел за гонење на висок криминал и корупција кој што практично би бил еден вид наследник на ова т.н. СЈО кое што досега функционираше.

Навистина, јас повеќе сакав да разговарам за иднината како што кажав на Република Македонија, како да ја вратиме довербата во судството, како да ги спроведеме реалните реформи во обвинителството, како да ја подобриме економијата во државата и да видиме како ние како опозиција можеме да допринесеме во сето тоа. Врз основа на надлежностите кои се пропишани според овој предлог закон за кој што ние треба да разговараме и да преговараме можеби и полошо од тоа што беше од сега, односно тоа ќе биде практично дополнителна алатка за пресметување на неистомислениците политички кои што во овој момент владата на СДСМ ги гони, истакна Мицкоски.

При самото излагање во дневникот Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е против Катица Јанева и овој состав на обвинители кои што се дел од нејзиниот тим од една проста и едноставна причина што не само што ги изгубија човечкиот туку ги изгубија и професионалниот кредибилитет. Не ги оправдаа очекувањата на јавноста.

Мицкоски образложи дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно да за правото и правдината, ВМРО-ДПМНЕ секога ќе остане на линија на заштита на правото и правдината, но не со овие луѓе. И во име на тоа предложил пред претседателот на Владата да опозицијата предложи иден јавен обвинител кој што ќе прерасне во пракса и во иднина. Да се зголеми опфатот на криминалиите да се видат како се случувале големите приватизации, како се случи бонбона бизнисот, приватизацијата на ЕСМ, ОКТА итн.

Мицкоски во своето интервју истакна дека повторно се гледа како пресметката со политичките неистомисленици продолжува, уште пред да биде обзнанена пресудата за Чавков, него го приведуваат на мафијашки начин со измислена белешка.

– Пред практично да биде пресудата обзнанена од страна на судијата кој што е одговорен овој процес каде што е опфатен господинот Чавков, МВР издава наредба да се приведе на истиот метод на истиот начин полумафијашки јас би рекол како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со службени белешки, измислена службена белешка измислена куќа во една наша соседна држава, вели Мицкоски.

На прашањето дали тој очекува да се потврди информација дека Митко Чавков ќе биде осуден на 14 години затвор, тој одговори:

–Па јас имав слушнато и  подолг период за жал, и очекувам дека  вкупната пресуда којашто ќе се случува во петок ќе биде преку сто години за сите обвинети од 27-ми април, и тоа ќе биде практично Нимбершки процес  за прв пат запаменет во поновата историја на Република Македонија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека сето ова претставува осветољубие и ништо друго.

 – Од друга страна го имаме овој мафијашки приспат кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзикотирано, се апси се приведува, а основа за тоа претставува една службена белешка којашто е помалку или повеќе симптоматична со тврдење дека се подгвотвувал да избега во викендичка којашто ја имале во една соседна држава, додаде Мицкоски.

Исто така Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител посочи дека Катица Јанева и СЈО освен човечкиот го загубиле и професионалниот кредибилитет со своето делување. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше пред се за оние како што ги нарече полумафијашки методи на сокривање на докази, преку мистериозни опожарувања и поплави. Тој напоменува дека оваа институција е симбол на изневерените очекувања на граѓаните и дел од менталната матрица наречена Заевизам.

-Да точно е ние сме против Катица Јанева и овој состав на обвинители кој што се дел од нејзиниот тим од една проста и едноставна причина што не само што го загубија човечкиот туку го загубија и професионалниот капацитет. Не ги оправдаа очекувањата на јавноста која што безусловно им довери доверба пред речиси четири години да ја водат оваа институција и навистина оваа институција да се претвори во еден орган кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Но ние бевме сведоци на полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на просториите, а се со цел да ја сокрие трагата. И за нас оваа институција и овие луѓе претставува симбол на оние изневерени очекувања на граѓаните на Македонија и дел од онаа ментална матрица која ние ја нарекуваме Заевизам, вели Мицкоски.

Тој посочи дека тука веќе има две суштински работи тоа е дека некој ја знае веќе пресудата, а другата е се разбира осветољубие и ништо друго.

– Го имаме овој мафијашки пристап во кој се следи лицето кое што треба да биде осудено и егзекутирано се апси, се приведува а основа претставува службена белешка која е симптоматична белешка со тврдење дека се подготвувал да избега во викендицата која е во соседна држава, а семејството еве излезе и демантира, а впрочем е и лесно да се провери дали има, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека законското решение за СЈО е далеку полошо од ова што сега го има, додавајќи дека владата на СДСМ прави дополнителна алатка за пресметка со политичките неистомисленици.

-Врз основа на надлежностите кои што се пропишани според овој предлог закон, за кои што треба да разговараме и преговараме,  е и полош од тоа што беше сега. Односно тоа ќе биде практично дополнителна алатка за преиспитување на неистомислениците политички  кои што во овој момент владата  на СДСМ ги има и главен удар,се знае кој може да има -опозицијата, а тоа го гледате и на пракса и на дело што се случува во изминатите денови, вели Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ  е против Катица Јанева бидејќи не ги оправдале очекувањата и довербата на граѓаните.

-Да, точно е, ние сме против Катица Јанева и овој состав на  јавни обвинители кои што се дел од нејзиниот тим, од една проста и едноставна причина што не само што го изгубија човечкиот туку го изгубија и професионалниот кредибилитет. Не ги оправда очекувањата на јавноста кои што безусловно им дадоа доверба пред речиси 4 години да ја водат оваа институција и навистина оваа институција да се претвори во еден орган кој што ќе биде заштитник на правото и правдината. Но, ние бевме сведоци на  речиси полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на простории, а се со цел да се сокрие трагата и за нас оваа институција и овие луѓе претставуваат симбол на изневерени очекувања на граѓаните во Република Македонија и дел од онаа ментална матрица која што ја нарекуваме Заевизам. Така што, не ги оправдаа и практично не се поставија онака како ние очекувавме, а тоа е да бидат заштитници на правото и правдината, кажа Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Република Македонија нема да добие препорака за почеток на преговори со Европската унија, објаснувајќи дека со тоа уште еднаш ќе се потврдат неговите тврдења дека Македонија не се движи во вистинска насока.

Тој додаде дека чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев а за кое граѓаните не гласаа, потенцирајќи дека тој лично, а ниту ВМРО-ДПМНЕ  нема да го употреби новото име на државата.

Ние ќе учествуваме во реформската агенда, ние учествуваме во рамки на институциите кои што ја користат придавката на новото име. Но, никогаш нема да се изразиме со новата придавка која што ја употребуваат владините претставници, дури и некои од владините претставници кои што ќе ја заборават, тогаш тука е сифлерот кој што ќе ги корегира. Бевме сведоци кога еден од вицепремерите го употребува нашето вистинско име Република Македонија, па беше укорен од страна на претседателот на владата.

Да, ние ќе работиме се што е во интерес на граѓаните. И ако ме прашате дали тоа е чесно и честито, да ќе кажам, затоа што тоа е морален хазар за нас, затоа што нас приоритет ни се интересите на граѓаните, па дури и ако тој интерес подразбира да гласаме закони во рамките на собранието каде што стои новата придавка, но, никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам името, вели Мицкоски.

Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител ја предупреди владата да не се дрзнува на изборен фалсификат затоа што ќе се соочи со револтот на граѓаните, а со тој чекор може да се доведе во прашање иднината на државата.

Тој посочи дека владата не смее повторно да го злоупотребува правото на глас на граѓаните, како тоа што се случи на референдумот, кога се гласаше за 2,4 секунди, или пак во некои места имаше излезност од 95%, и додаде да не се злоупотребува државниот апарат за политички прогон и вештачки вработувања.

– Ако продолжи злоупотребата на државниот апарат, како тоа што се случуваше во изминативе денови, ако гледаме дека имаме политички прогон и притисоци и тој продолжува за време на изборната кампања. Ако гледаме дека имам вештачки вработувања во државната и локалната администрација тоа се само предуслови кои што на нас може да ни донесат одлука, во која не само ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во целост да пројават пркос и револт да не излезат во вт5ориот круг на претседателските избори, но тоа ќе биде лошо  и за државата и за евроатланските интеграции, истакна Мицкоски.

Токму затоа тој уште еднаш апелираше до власта да не ја злоупотребува моќта за да си поигрува со изборниот процес  и да не ја доведува во прашање иднината на Македонија и граѓаните.

26

Најчитани вести