Тендерот за технолошко чистење на БТО системот (транспортни траки и механизација во рудникот) во РЕК „Битола“ е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање, а најниска цена на наддавањето понуди фирмата „СВ инвест“, соопшти компанијата ЕЛЕМ, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за нов договор меѓу „СВ инвест“ и РЕК „Битола“.

Оттаму велат дека биле распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектраната и на отпепелување, како и дека на тие тендери исто така учествувала и „СВ инвест“, но дека најниски цени таму понудиле други две фирми, кои на крајот ги добиле тендерите.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести