Се повеќе германски компании имаат проблеми со пронаоѓање работници, покажа извештајот на Здруженијата на германски комори за трговија и индустрија. Проблемот со пронаоѓањето нови работници, во овогодинешниот извештај го навеле 49 отсто од компаниите, утврдиле Здруженијата на комори.

Особено големи потешкотии изразиле во градежниот сектор, што го кочи проширувањето на дигиталната инфраструктура, оценуваат здруженијата на комори.

Се поголеми проблеми се јавуваат во секторот на електрично инженерство, во кој многу компании имаат проблеми со пронаоѓање работници со потребните квалификации.
Повеќе од половина од анкетираните компании денеска се подготвени да бараат работници и надвор од ЕУ, се наведува во извештајот.

До сега во Германија дошле околу 40 илјади работници од земји надвор од Европската Унија, вели лидерот на здруженијата, Аким Дерк, предвидувајќи зголемување на нивниот број до шестцифрени вредности.

извор: Makfax

2

Најчитани вести