Карлеуша Ова е најлоша година за Јелена Карлеуша. Гдина во која преживеа пекол поради п**но афера со фудбалерот Огњен Врањеш, но и година во која остана без најважната личност во својот живот, својата мајка Дивна. Болката никогаш нема да и помине, а на работа ќе се врати за шест месеци, така вели познатиот астролог Душан Величковиќ.

- Јелена дури од есен ќе се почне да функционира и ќе се врати на работа. Многу луѓе остануваат без родители, но мора да продолжат да работат. Но кај неа за разлика од другите е во тоа што нејзината работа да ги забавува другите, да игра и да пее. Тажниот човек може да пее, но неможе да игра. Тагата и ги парализира движењата на рацете и нозете, а нејзините настапи се познати повеќе по сценските перформанси. – вели тој.

Величковиќ вели дека пеачката наскоро ќе дојде при себе поради децата, но никогаш нема да биде онаа старата.

- Таа ќе мора повторно да се роди и да порасне. Деца кога ќе загубат родител, го губат најголемиот подржувач. Тогаш остануваат сами и дури тогаш пораснуваат. Сепак таа е јака, ќе успее – тврди астрологот.

Како што вели, ЈК од мајкаи ги собрала најдобрите особини и од неа направила каква мајка треба да биде.

- Дивна ја научила каква мајка треба да им биде на своите ќерки. Верувајте дека Јелена ќе биде уште подобра мајка отколку што била Дивна. Ќе се поврзе со своите деца како никогаш досега и од нив ќе ја црпи енергијата за понатаму.

Познатиот астролог исто така вели дека Душко ќе биде и понатаму со својата сопруга и ќе и ја даде потребната утеха, иако е со илијадници километри далеку.

- Душко е добар човек, партнер и татко... Досега ги положил сите тестиви на верност и лојалност кон своето семејство. После се, ќе биде уште посилен – тврди астрологот.

1

Најчитани вести