Непотизмот претставува фаворизирање роднини или пријатели при доделување на функции и почести без притоа да се води сметка за стручноста. Зборот непотизам потекнува од латинскиот збор neposnepotis (со значење внук), наведува википедиа.

Па оттука, непотизам се вработувањата на синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска како и унапредувањето на нејзиниот сопруг. Државна работа добија дедото на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски, ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, сестрата на минисетрот за економија Крешник Бектеши, синовите на пратеникот Горан Мисовски, Љубомир Фрчковски, Мирослав Грчев, Владо Бучковски, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми.

Непотизмот во владеачката структура не е непозната материја, особено кога се работи за министри и пратеници. Но, дали оваа пракса е само на централно ниво или непотизмот има метастази и во локалната самоуправа?

Завчера излезе листата за Битола, каде роднини на поголем дел од советниците од листата на СДСМ - во последната година си обезбедиле работни позции или во општината или во институции кои се во нејзина надлежност. Од брачни партнери, сестри и браќа, ќерќи и синови, снаи и зетови, внуци се дел од луѓето кои се сместиле во локалните фотелји покрај своите советници во општината.

Да видиме каков е случајот во Ѓорче Петров:

 

  • 1.    Даниел Трајковски – Близнакот, познат човек (да не пишуваме референци), татко на Мартин Трајковски актуелен претседател на СДММ Ѓорче Петров именуван е за шеф на смена на царинската управа на граничниот премин Блаце.

  • 2.    Дијана Кипријановска – Јовановиќ, поранешна советничка на СДСМ во период од 2012-2017 вработена на неопределено во ЈП Водовод и канализација, нејзиниот сопруг е во обезбедувањето на премиерот Зоран Заев.

  • 3.    Снежана Трајковска – Ангеловска, поранешна советничка на СДСМ во период од 2012-2017 вработена во МВР, нејзиниот сопруг именуван за началник на сообраќајната полиција при СВР Скопје, Дејан Трајковски – Џонсон.

  • 4.    Никола Симов, поранешен претседател на СДММ Ѓорче Петров вработен во оделението за урбанизам во општина Ѓорче Петров.

  • 5.    Зоран Лалевиќ – Каспер, советник на СДСМ во Општина Ѓорче Петров вработен во ЈП Водовод и канализација.

  • 6.    Радмила Апостолоска - поранешна советничка на СДСМ во период од 2012-2017 вработена во ОУ Ѓорче Петров.

  • 7.    Ангела Новаковска – кандидат за советник во градот Скопје од СДСМ – вработена во ЈП Службен Весник

  • 8.    Александар Јакимовски – вработен како шофер во општината, неговата сопруга Лепа Јакимовска вработена во администрација во општината.

  • 9.    Мирослав Наумоски – братучед на градоначалникот Александар Наумоски вработен во Централен Регистар.

  • 10. Горан Симоновски – потпретседател на Градската организација на СДСМ, вработен во еден од инспекторатите на државната управа.

  • 11. Сопругата на претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров Влатко Цветковски, вработена како копирант во МЕПСО.

  • 12. Братот на Стефанија Стојмановска актуелна советничка на СДСМ вработен во МВР моментално во центарот за обука во Идризово.

  • 13. Сопругата на Костадин Ацески, пратеник на СДСМ во собранието, Марија Ацеска вработена во МЕПСО.

  • 14. Борче Гиновски, син на претседателот на МО Даме Груев Тони Гиновски вработен во ЈП Македонски Железници.
  •  

​​​​​​​​​​​​​​Сите

 вработувања на блиските роднини на советниците започнале да се реализираат кога и се случи промена на власта во 2017та година, а најголемиот бран на вработувања се случил во 2018та година.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182-ца роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.

 

2

Најчитани вести