Популарниот глумец, Мел Гибсон (63) во врската со Росалинд Роуз (29) со која доби син апсолутно се посветил на семејството и работата а патем и малку се запуштил… па неговите фанови на социјалните мрежи неговиот ноншалантен изглед го оцениле како на скитник…

Еден од најомилените и најпосакуваните холивудски актери на сите времиња – Мел Гибсон, очигледно повеќе не се грижи за својот изглед. Ѕвездата на филмовите “Braveheart” и “Mad Max” бил фотографиран пред еден супермаркет во Малибу, а на фотографиите изгледа речиси непрепознатливо.

Славниот австралиски актер многумина шокирал со својата појава, почнувајќи од своите фанови па до големиот број на жени кои биле вљубени во него. Гибсон бил фатен како пазарува во супермаркет во Малибу во близина на својот дом, додека ги ставал намирниците во автомобилот.
Холивудската ѕвезда изгледала потполно запуштено – во искинати фармерки, избледена маичка, неизбричен и со сандали…

Фановите на социјалните мрежи започнале да го критикуваат.
“Можам се’ да разберам, и ваквиот аутфит кој повеќе потсетува на скитник отколку на актер, но овие неуредни нозе не можам. Изгледа како да одел низ пустина”, напишала на Инстаграм една од неговите обожавателки.

1

Најчитани вести