Снегот не престанува да паѓа на Копаоник, а освен тоа најавени се и четири нови концерти во рамки на Music Week фестивалот – сосема доволно за незаборавна журка.

Music Week фестивалот се одржува четврта година по ред во организација на Скајмјузик и MK Mountain Resort, а ако може да се суди по фантастичниот викенд кој е зад нас, кога гостите на фестивалот ги забавуваа Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ, Магла бенд и Милица Павловиќ, и овој ќе биде за паметење и прераскажување.

Петок, 15 март, е резервиран за настапите на Парни ваљак и Тропико бенд, кои на неодамна одржаната MAC церемонија освоија престижни признанија: песната „Време“ на Парни ваљак е наградена со признание за најдобра рок нумера според гласовите на радиостаниците, додека песната „Ако ти је до мене“ на Тропико е прогласена за најдобра поп нумера според гласовите на публиката.  

Тропико бенд веќе имаат настапувано на Music Week фестивалот и момците велат дека впечатоците им се и повеќе од позитивни:

„Одлична забава, супер атмосфера, одлична екипа и, пред сè, феноменална организација направија сите тие денови да бидат за паметење, што веруваме, ќе биде случај и годинава.“

Додаваат и дека Music Week од останатите фестивали се разликува, пред сè, заради локацијата и посебната енергија:

„На Коп секогаш доаѓаме со задоволство, дури и оваа зима Коп беше нашиот избор кога е во прашање скијањето. Па ако покрај љубовта кон скијањето можеме да ја додадеме и љубовта кон музиката, тоа е добитна комбинација! Се разбира, оние кои не го сакаат скијањето, исто така, одлично ќе се снајдат во убавините на Коп затоа сите ве очекуваме на Music Week фестивалот, да го споиме убавото и корисното!“

Само за оваа прилика членовите на бендот направија и специјална видео покана:

https://www.instagram.com/p/Bu6Z1iBo3Yl/

Ден после Парни Вљак и Тропико бенд, во сабота на 16 март, на Music Week настапуваат Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ.

Фестивалот секоја година го посетуваат сè повеќе љубители на добрата музика и скијањето, а минатата година на Music Week беа повеќе од 8000 луѓе.

 

 

 

 

 

 

 

2
loading...

Најчитани вести