Пречистителната станица во Трубарево, што ќе биде изградена до следната година ќе биде огромен трошок и за градот Скопје и за скопски Водовод. Овие трошоци ќе паднат на грбот на граѓаните, кои многу наскоро ќе плаќаат поголеми сметки за вода.

Иако градоначалникот Петре Шилегов ја убедуваше јавноста дека тоа нема да се случи, ваквото негово тврдење било само уште една лага.

-Додека сум градоначалник на Град Скопје нема да дозволам заради манипулаторски однос на Регулаторната комисија да се покачи цената на водата за пиење во Скопје, изјави Шилегов во јануари минатата година.

Го демантираше токму првиот човек на јавното претпријатие.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски јасно информираше дека граѓаните ќе пијат поскапа вода, токму поради споменатите трошоци.

На прашањето на новинарката „Дали имаат пресметки за колку може да поскапи водата“, тој одговори:

-Првичните цени ги имаме, заедно со регулаторна комисија веќе разговараме, во понапредни разговори сме. Нашите првични анализи говорат дека треба да се покачи за 2 до 3 денари по метар кубен, што во принцип не е огромно покачување, но сепак треба сериозна анализа да се направи и колку таа станица за пречистување на водата во Трубарево ќе создава трошок и во однос на тие трошоци, ќе можеме да направиме анализа, која нас ни е потребна, за утврдување на цената на водата, рече Весковски во гостување на Сител.

Извор: Курир

10

Најчитани вести