Америкaнската велосипедистка Кели Катлин извршила самоубиство во саботата во Калифорнија на 24-годишна возраст. Катлин беше трикратна и актуелна светска првенка во велосипедизам во сала, а на Олимписките игри во Рио во 2016 година освои екипен сребрен медал.

Дека станува збор за самоубиство потврдил нејзиниот брат.

Катлин беше шампионка во велосипедизам во сала во 2016, 2017 и 2018 година, а освен што била успешен спортист таа била и талентирана виолинистка. Студирала математика на престижниот американски унивезитет Стенфорд каде што и се самоубила.

Пред еден месец за порталот „Вело њуз“ напишала дека се бори со усогласување на професионалните и обврските на факултет и дека тоа сè повеќе ѝ претставува проблем.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести