Огромен пожар од запалено стрниште се шири кај Петровец . Едно пожарно возило во моментов е таму а според видеото кое во живо го пренесува новинарот Огнен Јанески на Фејсбук беше забележливо дека гори оган и има густ чад.

Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.

MKD.mk јави дека гори запалена трска и кај скопското село Таор. 

Повеќе од 20 пожари предизвикани од запалени стрмништа денеска имало во скопско.

За пожар денеска МИА јави дека имало и во Истокот. До 20.30 вечерва уште бил активен пожарот кој денеска околу 13 часот го зафати атарот над делчевското село Тработивиште.

Моментно пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево – Пехчево над селото Тработивиште. Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот. А не е позната причината за истата, но не е исклучена можноста да е запалено стрниште

2

Најчитани вести