Иако екипата на парагвајски Либертад забележа висока победа во својот последен меч во Копа Либертадорес и победи со 4-1, сепак тренерот Леонел Алварез добил неочекуван отказ. Тој бил отпуштен затоа што наводно имал афера со сопругата на фудбалерот од средниот ред на Либертад, Едгар Бенитез.

Ве уверувам дека овие тврдења не се вистинити, изјавил тренерот Алварез откако медиумите објавиле за аферата.

Проблемите во тимот ги направила згодната Пети Гонзалез која е фитнес модел. Инаку нејзиниот сопруг е долгогодишен колумбиски репрезентативец и во Европа има настапува за тимот на Ваљадолид.

Извор: Република

3

Најчитани вести