Двајца играчи ќе инкасираат милионски добивки од обложувалницата „Sport Life“ – Драчево, како резултат на нивната игра во изминатиот викенд.

Оваа мајсторија ја извеле заедно во тим, едниот играч ги селектирал натпреварите, а другиот ги уплатил.

Се работи за два исти тикета со уплата од по 20 денари, со кои едниот заработил над 1.200.000 денари, а другиот над 1.400.000 денари. Вкупната сума изнесува 2.722.384 денари или 40.000 евра, со уплата од 40 денари.

Иако тикетите се идентични, добивката се разликува поради разликата во уплатата од 33 секунди, кога коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. Со тоа еден меч помалку е влезен во бонусот што го нудат во „Sport Life“, па за едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е скоро половина од вкупната добивка.

„Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го ‘штитиме’, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

Тактиката на играчите бил избор на натпревари со коефициент не поголем од 1,7, а неретко досега и двајцата својата среќа ја споделувале на иста добитна комбинација.

Досега како редовни играчи на „Sport Life“ имале најголема добивка од 76.000 и 20.000 денари, за овој пат рекордот да го надминат и да бидат изненадени со сите зелени натпревари на мобилната апликација.

(ПР текст)

извор: Makfax

6

Најчитани вести