Фудбалерот Херман Цинга почина на пат кон болница откако за време на фудбалски натпревар во домашниот шампионат падна на теренот по воздушен дуел.

На несреќниот фудбалер кој настапуваше за Аканда,  се обиде да му помогне воен лекар со масажа на срцето, а животот најверојатно ќе му бил спасен доколку во болничкото возило имало дефибрилатор.

Тој почина на пат кон локалната болница.

Цинга е седмиот фудбалер кој починал за време на натпревар во габонскиот фудбал во последните 12 години.

 

2

Најчитани вести