Алијанса за Албанците и Движење Беса во емисијата Клик Плус, уште еднаш изјавија дека го поддржуваат независниот кандидат за претседател, универзитетскиот професор, Блерим Река.

„Тој е независен кандида кој го поддржуваме, различно е да поддржиш кандидат и да се повикуваш на заеднички кандидат, затоа од почеток реков дека можеби за нас е полесно бидејќи работите се појасни, ние како политички субјекти ја поддржуваме кандидатурата на независниот кандидат, на проф. Д-р. Блерим Река“, рече Ремзи Мехмеди, потпретседател на Алијанса за Албанците.

 Изет Меџити од ДУИ рече дека го почитува Блерим Река, но смета дека во моментов кандидат Албанец не може да победи на претседателски избори. Тој додаде дека не можат да поддржат нешто кое во минатото не дало резултат.

„Немаме ништо против г. Река, но врз основа на анализите, дојдовме до заклучок дека еден кандидат Албанец не може да победи доколку бројките не му одат во корист, доколку минимум нема еден македонски политички субјект зад него, за да биде претседател на сите граѓани и одевме според принципот на консензуалност, бидејќи на овој начин мислиме дека го факторизираме албанскиот глас“, рече Изет Меџети, ДУИ.

 Од друга страна, Кастриот Реџепи, од Движење Беса, рече дека е чудно што на ДУИ  пред одредено време профилот на Блерим Река бил добар, а сега не го поддржуваат како кандидат за претседател.

„Во тоа време г. Река бил добар како профил а денеска не го поддржуваат, а г. Пендаровски во претходниот изборен циклус не беше добар, а сега е добар“, рече Кастриот Реџепи, потпретседател на Движење Беса.

 Меџити исто така рече дека биле подготвени да излезат со нивен кандидат и како потенцијален кандидат тој го спомна претседателот на Собранието, Талат Џафери. Инаку претседателските избори ќе се одржат на 21 април. Независниот кандидат, Блерим Река денеска успеал да собере 11 илјади потписи за да ја официјализира неговата кандидатура за претседател на државата.

3

Најчитани вести